Офелија Ковилоска е родена на 24 октомври 1965 година, во Скопје, каде што завршила основно образование, гимназија и Филолошки факултет на Групата за француски јазик и книжевност (1990).
Работела како професорка по француски јазик во поранешната гимназија „Георги Димитров“ во Скопје, а во периодот 1998 – 2003 година престојувала во Mелбурн, Австралија, каде што завршила прв степен магистратура по англискик јазик.
Офелија Ковилоска се занимава со книжевен превод и преведува дела главно од француската и англосаксонската литература. Од списокот позначајни автори кои ги има преведено од француски јазик се врбојуваат Антоан де Сент-Егзипери, Антоан Франсоа Прево, Жан-Пол Сартр, Жан-Батист Поклен Молиер, Андре Жид, Франсоаз Саган, Опат Прево, Луј-Фердинан Селин, Мишел Уелбек и Сен-Џон Перс.
Нејзините преводи се ценети и наградувани, а посебно се извојува престижната награда „Ванѓа Чашуле“ за 2013 година, за преводот на романот „Патување до крајот на ноќта“ од Луј-Фердинан Селин.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам