Ермис Лафазановски е современ македонски раскажу вач, романсиер, преведувач. Автор е на три книги раскази и шест романи. Дел од неговите раскази се застапени во пого- лем број домашни и светски антологии на кусиот расказ, а последните романи му се преведени на десетина светски ја- зици. Добитник е на неколку домашни книжевни награди.
Во последните десетина години се јавува и како преведу- вач од романски јазик и досега има преведено дваесетина романи од познати романски автори како што се: Мирча Картареску, Јоана Парвулеску, Лучијан Дан Теодоровиќ, Дан Лунгу, Георге Арион, Филип Флоријан, Клаудиу Флори- јан, Димитру Цепенеаг, Богдан Костлин, Јоана Николае, Богдан-Александру Станеску и многу други. Има препеано и избор поезија од познати романски поети меѓу кои: Ана Бландијана, Дину Фламанд, Думитру Јон.
Член е на Друштвото на писатели на Македонија и на Ма- кедонскиот ПЕН-центар.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам