×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Летото во кое мама имаше зелени очи

Летото во кое мама имаше зелени очи

Татјана Цибуљак


Издавач: ТРИ
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страни: 126
Година на издавање: 2024
Димензија: 12.5 x 19.5 cm
Автор: Татјана Цибуљак
ISBN: 9786082309743
Жанр: Едиција „Нашите приказни“
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
280 ден.

Да се прости и да се продолжи – двете најтешки задачи за луѓето кои страдаат. Но кога се преплетени со љубов и надеж, срцето станува плодна почва која не знае за заборав.

Алекси сè уште се сеќава на последното лето поминато со мајка си во Франција. Оттогаш се минати многу години, но кога психијатарот му предлага да пишува за тоа време за да ги надмине траумата и уметничката блокада, тој почнува да копа по сеќавањата. Повторно го преплавуваат емоциите од времето поминати во француското село: лутина, тага, бес... Како да се преживее болката што ја носи смртта? Како да ѝ прости на мајка си што го отфрлила како мало дете? Како да се носи со болеста што го разјадува?

Ова е приказна за едно лето на прифаќање и простување, за три месеци кои значат ослободување на едно кревко момче од сите тешки емоции, проткаена со неизбежната потреба да се помири со другите и со себеси.

Зрачејќи со силни емоции, овој роман ги обединува животот и смртта повикувајќи се на љубовта и простувањето. Едно од големите откритија на современата европска книжевност.

 

„Се обидов да бидам искрена и да се ослободам од моите чувства. Мојата најскапоцена награда ќе биде ако го сторите истото при читањето.“

Татјана Цибуљак

Татјана Цибуљак

Татјана Цибуљак

Татјана Цибуљак е родена во 1978 година, во Кишинев, Република Молдавија, a по националност е Молдавка и Романка. Завршила Факултет за новинарство и комуникации при Државниот молдавски универзитет. Првпат го привлекува вниманието на јавноста во 1995 година, како авторка на колумната „Вистински приказни“ во дневниот весник „Флукс“. Во 1999 година почнува да работи во телевизиската куќа ПРО ТВ Кишинев како репортер, уредник и ТВ-водител, а исто така работи и за УНИЦЕФ во Молдавија. Од 2008 година живее во Париз.
Дебитира во 2014 година, со збирката раскази „Модерни бајки“ издадена во издавачката куќа „Урма Та“ во Кишинев. Во 2017 година го објавува првиот роман „Летото кога мама имаше зелени очи“, за кој добива повеќе награди: наградата на Сојузот на писатели на Молдавија, наградата на културно-литературното списание „Опсерватор“ во Букурешт и наградата „Опсерватор лицеум“ на фестивалот ФЛИТ во Јаш, Романија. Романот е преведен на француски и на шпански јазик. „Градината од стакло“ е нејзин втор роман, за кој ја добива наградата на Европската Унија за литература во 2019 година.

Види повеќе

Можеби ќе ве интересира