Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Зошто големо ДА за графички новели? Досега сме немале слично издание како ова на Пако Рока. Шпанскиот автор нè носи на вистински ролеркостер од емоции читајќи и гледајќи во неговите обоени лица, простории и емоции.
Ви го претставуваме Ернест, човекот кој боледува од Алцхајмерова болест и кој доаѓа во дом за стари лица. Тоа е застрашувачко искуство за човек кој животот во заедница го доживува како голем предизвик. Но, за среќа, ги прифаќа предизвикот и својата нова средина и решава да се бори против изолираноста и заборавноста.
Овој дом повеќе наликува на библиотека во која книгите се натрупуваат во планини од пожолтена хартија, населени со соништа и фантазии. Животот ги покрил со брчки, буквите на нивните страници бледнеат. Колку поетски звучи староста кога вака ќе ни ја опише Пако Рока! Истовремено, низ низа патешествија на новите цимери во домот, таа станува и мошне забавна.
Уживајте со оваа книга, во превод на Наташа Сарџоска, со која ја започнуваме новата едиција поддржана од Европската Унија, со наслов „Нашите приказни“.
Пако Рока е познат и наградуван шпански автор кој преку љубовта, хуморот и хуманоста ја прикажува реалната и трогателна слика на последното поглавје од животот.
Самиот автор при создавањето на „Брчки“ поминал долго време во посета на домови за стари лица за да проникне во начинот на нивниот живот. Книгата има и филмска адаптација во режија на Игнацио Ферерас, што на нашиот фестивал „Синедејс“ во кино „Миленум“ се здоби со наградата „Златна ѕвезда“.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам