Слободанка Поповска е докажана преведувачка од германски на македонски јазик, која се занимава претежно со книжевен превод.
Родена е во 1944 година, во Скопје. Студирала германски јазик во Скопје и во Хале. Дипломирала нa Филолошкиот факултет во Скопје, на Катедрата по германски јазик и литература, во 1968 година. По катастрофалниот скопски земјотрес во 1963 година, цела година живеела во Швајцарија.
Од 1968 година работела како библиотекарка во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, каде што од 1994 година ја раководела Германската читалница при Библиотеката.
Почнувајќи од 1978 година, па сè до денес, има преведено голем број значајни книги од германски на македонски јазик. Меѓу нив се вбројуваат дела од Херман Хесе, Зигмунд Фројд, Патрик Зискинд, Криста Волф, Макс Фриш, Роберт Музил и други.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам