Хелене Буковски е современа германска писателка и преведувачка, која води и курсеви за креативно пишување.
Родена е во 1993 година, во Берлин. Почнала да пишува многу рано. На 14-годишна возраст победила на конкурс организиран од германскиот Гугенхајмов музеј. Во 2012 го завршила средното образование во гимназијата „Џон Ленон“. Потоа студирала на Универзитетот во Хилдесхајм на отсекот за креативно пишување и новинарство од областа на културата.
Застапувана е многупати во антологии и списанија. Во 2019 г. го објавила својот прв роман „Млечни заби“, што беше номиниран за неколку литературни награди – „Мара Касенс“, „Рауриз“ и „Рајнштајнер“. Романот е преведен на англиски и на француски јазик.
Оваа година „Млечни заби“ ја добива и својата филмска адаптација под истиот наслов, во режија на Софија Буш. Во 2015 година Хелене Буковски се јавува како коавторка на филмот „Десет летни недели“, кој во 2015 година освои „Грими“, најпрестижната германска телевизиска награда.
Преводот на Хелене Буковски на романот „Боровите Острови“ од авторката Марион Пошман влезе во потесниот избор за меѓународната награда „Мен Букер“ во 2019 година.
Во 2022 г. Буковски го објави својот втор роман, „Војничка“. Но сепак, нејзиниот прв роман „Млечни заби“ допрва го добива вистинското внимание. Многу од познатите светски книжевни весници и списанија, како „Паблишерс викли“ или „Киркус ривјус“, пишуваат со восхит за овој дистописки роман што влијае освестувачки врз свеста на читателите обработувајќи ги најгорливите прашања на современата цивилизација.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам