×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Солзотворец

Солзотворец

Ерин Дум


Издавач: ТРИ
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страни: 612
Година на издавање: 2025
Димензија: 14 x 20.5 cm
Автор: Ерин Дум
ISBN: 9786082810096
Жанр: Едиција „Нашите приказни“
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
750 ден.

Срцето ми е полно со модринки, но душата со ѕвезди – зашто некои трепетни галаксии сјаат само под кожата.

Ника носи име на нежна пеперуга, но животот ѝ започнува во Грејв, темно и студено сиропиталиште во Алабама. Нејзините приказни за добра ноќ не почнуваат со „си беше еднаш една принцеза“, туку со Солзотворецот: сенишен човек кој создава кристални солзи со кои ја проникнува душата на луѓето.

Кога едно семејство доаѓа да ја посвои, Ника се надева дека најпосле ќе го заборави Солзотворецот. Но не може да избега од него, зашто тој е длабоко во Ригел, кој има лик на ангел и душа полна со страдање,  посвоен од истото семејство.

Ерин Дум постепено ни ги открива Ригел и Ника – додека тие се мачат да ги откријат во себе љубовта и добрината што ги немале во домот за незгрижени деца. За да можат да бидат заедно, мора да се помират со деструктивната љубов пред таа целосно да ги уништи, да ги осветлат темнината на своето минато и опасните влогови на заедничката иднина.

Учејќи да си веруваат, полека се ослободуваат од маските што животот ги натерал да ги носат. Двете единки со скршени срца стануваат делчиња од една сложувалка во совршен спој. И конечно ја сфаќаат вистината за Солзотворецот...

„Подготвени ли сте за следниот ‘Самрак’?“

Пипл

Ерин Дум

Ерин Дум

Ерин Дум, псевдоним на Матилде (презимето е непознато), е млада италијанска писателка која се прослави со својот првообјавен роман „Солзотворецот“, кој за три години во Италија е продаден во над половина милион примероци и веќе е преведен на 26 јазици. Родена е во италијанскиот регион Емилија-Ромања. Има дипломирано на Факултетот за правни науки. За својот псевдоним објаснува дека го избрала името Ерин бидејќи е „ирско име поврзано со природата и слободата“, а презимето Дум од истоимениот англиски збор кој се преведува како „судбина“, што е заедничка карактеристика на сите нејзини ликови, поврзани со иднина која ги обединува.

Во 2017 година, на социјалната мрежа Wattpad, Ерин Дум објавува два романа: „Начинот на кој паѓа снегот“ и „Солзотворецот“, кои постигнуваат голем успех, особено кај младата публика. Издавачката куќа „Магаѕини Салани“, поттикната од огромниот интерес на читателите за „Солзотворецот“, го издава неговото преработено издание во мај 2021 година, кое станува вистински бестселер во 2022 година и ја задржува првата позиција на листата на најпродавани книги пет недели по ред. Веднаш потоа, „Нетфликс“ ги откупува правата за снимање филм според овој роман.

Во 2022 истата издавачка куќа го објавува и нејзиниот роман „Начинот на кој паѓа снегот“, кој е  веќе преведен на 18 јазици. Нејзиниот трет роман, „Стигма“, е објавен во 2023 година, како прв том од една подолга сага. Дум бележи висока продажба – над 600.000 примероци од „Солзотворецот“, 230.000 примероци од „Начинот на кој паѓа снегот“ и 170.000 примероци од третиот роман „Стигма“, што ја прави една од најчитаните современи авторки.

Ерин Дум навлегува во душите на Ригел и Ника – главните ликови во „Солзотворецот“ – полека откривајќи ги преку љубовта и добрината, она што не можеле да го добијат во домот за незгрижени деца, и ослободувајќи ги од маските што животот ги натерал да ги носат. Двајцата, со скршени срца, се делчиња од една измешана сложувалка во која, надополнувајќи се еден со друг, создаваат совршен спој.

Види повеќе