Никола Миланов, дипломиран економист, бизнисмен и писател, е роден на 2 април 1981 година, во Велес. Основно и средно образование завршил во Пробиштип. Во 1999 година се запишал на студии по менаџмент на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Веднаш по дипломирањето во 2004 година, се вклучил во приватниот семеен бизнис, во кој работи до денес. Во текот на својата кариера посетувал многу семинари и обуки од областите сметководство, даночна регулатива, право, комуникации, продажба, финансии, претприемништво, маркетинг и сл., и се стекнал со лиценца за овластен сметководител.
Во 2024 година ги издава книгите за деца и млади „Приказни за стекнување на основни финансиски навики на децата“ и „Приказни за снаодливите ученици“.
Во приватниот живот е оженет и е татко на две малолетни деца.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам