×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Џон Готман Џули Шварц Готман


Џули Шварц Готман (1951) е американски клинички психолог, истражувачка, говорничка и авторка. Заедно со сопругот Џон Готман го основале Институтот „Готман“, посветен на зајакнување на партнерските односи преку различни програми засновани врз нивните истражувања. Овие теми ја интересираат уште од почетокот на образованието, кога основала советувалиште за воени ветерани и за лица кои преживеале силување, а откако се преселила во Бостон, работела со зависници од хероин и болни од шизофренија.

Нејзината клиничка работа вклучува специјализација за клиенти со ниски приходи, инцест, преживеани сексуални напади, пациенти со рак и нивните семејства. Сето ова искуство ѝ помогнало во 1983 година да развие програма за лекување и спречување на сексуално вознемирување при Универзитетот на Калифорнија во Сан Диего.

Таа е автор и коавтор на книгите „Десет лекции за преобразба на вашиот брак“, „10 принципи за ефикасна терапија за парови“, „Машки водич за жените“, „Наука за парови и семејна терапија“ и други. 

 

Џон Готман (1942) е светски познат психолог со над 50-годишна истражувачка работа со илјадници парови, како и почесен професор по психологија на Универзитетот во Вашингтон. Неговите истражувања се посветени на меѓупартнерските односи и предвидување за опстанување на една врска. Многупати наградуван за својата истражувачка работа за бракот и родителството, Џон Готман е прогласен за еден од десетте највлијателни психотерапевти во изминатиот четврт век. Тој е автор или коавтор на над 200 објавени академски статии и на повеќе од 40 книги, меѓу кои се истакнуваат „Седум принципи за успешен брак“, „Што ја прави љубовта вечна“, „Лекување на врските“, „Одгледување на емоционално интелигентно дете“ и др.

Овие двајца доктори ги посветија животите на истражувања што на луѓето им овозможуваат здрав живот и долготрајни и цврсти партнерски и семејни врски. Најдобар пример за она што го пишуваат во книгите е нивната долгогодишна љубов и заедничка работа.