Џејмс Патерсон (1947) создал потрајни литерарни ликови отколку кој и да е друг жив писател денес. Автор е на романите за Алекс Крос, кои претставуваат најпопуларен детективски серијал во последните дваесет и пет години, на серијалот „Женски клуб за решавање убиства“, чие дејство се одвива во Сан Франциско, како и на најпродаваниот серијал детективски романи за њујоршкиот детектив Мајкл Бенет. Според Гинисовата книга на рекорди, Патерсон е писател кој има најмногу бестселери на листата на Њујорк тајмс. Откако во 1997 година за својот прв роман ја доби наградата „Едгар Алан По“, неговите книги се продадени во повеќе од двесте и осумдесет милиони примероци. Патерсон е автор и на многубројни бестселери за млади, меѓу кои се серијалите „Максимум Рајд“, „Вештерката и волшебникот“ и „Основно училиште“. Овие книги се наоѓаа на националните листи на бестселери преку двесте и дваесет недели. На доделувањето на наградата Книга според детски избор во 2010 година, Џејмс Патерсон е прогласен за писател на годината. Љубовта што сиот живот ја негува кон книгите и читањето го натера Патерсон да направи иновативна веб-страница ReadKiddoRead.com која возрасните ја сметаат за скапоцено помагало во изнаоѓањето книги со чија помош децата ќе го прифатат читањето како нешто со што ќе се занимаваат до крајот на животот. Патерсон се занимава исклучиво со пишување и живее со семејството на Флорида.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам