Д-р Александар Митов е доктор на медицина, магистер по јавно здравје и влијанијата на животната средина врз здравјето. Дипломира медицина на Медицинскиот факултет во Скопје при УКИМ, како првенец на генeрацијата со просек 9,9. Магистрира јавно здравје на Кипарскиот интернационален институт при Харвардскиот институт за јавно здравје (Harvard School of Public Health), исто така како студент на генерацијата (валедикторијан). Подоцна завршува магистерски студии за политики за животна средина на Кембриџ, Велика Британија. Во текот на сите студии добитник е на национални и интернационални стипендии, меѓу кои и на престижната стипендија за Кембриџ од Фондацијата Пексим (PEXIM Cambridge Scholarship). Од 2012 до 2017 година е советник за здравство на претседателот на Владата на Република Македонија, а беше и иницијатор и главен стручен консултант на кампањата за здрава храна на Владата на РМ „Здравјето е избор!“ Интересот на д-р Митов за исхраната започнува веднаш по завршувањето на медицинските студии. Учејќи за епигенетските влијанија на околината, тој се фокусира на интеракцијата меѓу гените и животната средина, а особено нутригенетиката. Денес продолжува да ги следи најновите научни студии за влијанието на животниот стил (исхраната и физичката активност) врз болестите, а особено при нивниот третман. Впрочем, неговата работа се сведува токму на тоа: да ја „преведе“ најновата медицинска наука во практиката и во конкретни совети за пациентите. Следејќи ја таа своја мисија, во 2018 година ја издаде книгата Водич за долговечност.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам