Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Нема на залиха |
Квизот содржи 48 илустрирани прашања, „магичен прозорец“ за отчитување на точниот одговор и ливчиња за бележење на резултатите.
Прашањата прикажани на сликите се наменети за деца на возраст од 3 до 5 години. Насловот на квизот ПАРОВИ секогаш сугерира на иста задача – пронајди го парот зададен на големата слика помеѓу трите мали сликички подолу, според некој критериум што не е однапред зададен, но е најочигледен (на пример: мажјак - женка, занимање - алат, мајка - младенче, животно - храна, еднаква бројност ...). Решенијата се единствени за дадените слики.
Со поставување на „магичниот прозорец“ над црвеното поле, може да се провери точниот одговор на занимлив и нестандарден начин. Под точниот одговор се крие знакот „смајли“. Овој квиз може да се користи повеќе пати и со повеќе играчи.
Квизот може да го игра поединец или група, при што секому може да му се бележат резултатите и на крајот да се прогласи победник со најмногу точни одговори.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам