| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Нема на залиха |
Приказната е сместена во XIX век, во дворот, „авлијата“, на еден затвор во Цариград, познат по своите тешки правила и услови.
Фра Петар е црковно лице од Босна кое е во затвор поради неправедна пресуда. Чекајќи да биде ослободен, тој се сретнува со најразлични затвореници, а секој носи инаква трагична судбина. Фра Петар ги става случувањата од затворскиот живот како во рамка, навлегувајќи во низа поединечни судбини на луѓето што таму ги сретнува, а преку чии животни приказни се запознаваме со многу нијанси од општествениот живот, како во тековниот миг така и од поблиското и подалечното минато на Цариград и на Отоманското Царство воопшто. При тоа се осветлува апсурдноста што произлегува од бездушноста и неукоста на администрацијата на една империја во својот залез, чии жртви често се и невините.
Начинот на структурирање е приказна во приказна, а делото претставува мајсторски урамнотежена целина. Андриќ умешно го користи затворот како метафора за опсесијата и животот на обичниот човек, кој има непредвидлив тек кога се наоѓа под авторитарна власт.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам