| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Приказни за истражувачи е можност да се потсетите на достигнувањата на дел од најголемите гении на човештвото – како Галилео, Њутн или Александар фон Хумболт – но и можност да се запознаете со чудесните подвизи на некои помалку познати, но исклучително заслужни историски личности, како на пример Германката Каролина Хершел – која денес е запаметена како откривач на осум комети иако била неписмена слугинка до 22 години – или англиската природоилустраторка Маријана Норт, која самостојно ги пропатувала сите континенти за внимателно да наслика што е можно повеќе од егзотичните богатства на природниот свет.
Уникатно сведоштво на духовно-технолошкиот прогрес од последниве пет века, „Приказни за истражувачи“ е книга-повик, која не само што кани на љубопитно преиспитување на историјата туку нуди и патоказ кон потемелно разбирање на сегашноста, како и возбудлив поттик да се подобри, унапреди и разубави иднината.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам