×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Хизмина и Хизминиј

Хизмина и Хизминиј


Издавач: ИД-КОНЦЕПТ КОНСАЛТИНГ И ДИЗАЈН (Чудна Шума)
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страници: 170
Година на издавање: 2024
ISBN: 9786084938743
Жанр: Историски романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Нема на залиха
350 ден.

Многу одамна, во некое неодредено претхристијанско време, младиот Хизминиј е избран со ждрепка да биде свечен Гласник на Ѕевс во измислениот грчки град Авликомид. За време на тридневниот престој, домаќин му е еден богат граѓанин по име Состен. Состен има убав дом, уште поубава градина и најубава ќерка – Хизмина. Таа се вљубува во Хизминиј по само еден поглед; тој во неа – по еден ден.

Според обичајот, на крајот од престојот Хизминиј е должен да се врати назад во својот роден град, Еврикомид, и таму да ги угости дотогашните домаќини во домот на своите родители. Во тајноста на една од неговите одаи, љубовта меѓу Хизмина и Хизминиј се продлабочува. И токму тогаш, сосема неочекувано, Состен објавува дека ја ветил ќерка си на некое беспрекорно момче од Авликомид и ги кани своите домаќини на свадба.

Хизмина и Хизминиј решаваат итно да го напуштат градот. Но, не можат да знаат, додека се качуваат на брод за Сирија, дека таа вечер Посејдон ќе биде суров и гневен. И не можат да знаат дека единствен начин да го смилостиват e да му принесат жртва. Човечка жртва.

----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Еден од четирите романи составени во Византија за време на владеењето на Комнините (1081–1185), Хизмина и Хизминиј е роман за желбата и должностите, за судбината и страста, како и за неумоливата моќ на Ерос, момчето-бог на љубовта, пред кого омекнуваат и најхрабрите срца и пред кого се поклонуваат денот, ноќта и сите владетели и господари на морето, земјата и небото.