×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Кутриот Дионис

Кутриот Дионис


Издавач: Македоника Литера
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страници: 70
Година на издавање: 2025
Автор: Михај Еминеску
ISBN: 9786082522401
Жанр: Историски романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
200 ден.

„Кутриот Дионис“ од жанровски аспект претставува комбинација од фантазија, историска фантазија, филозоф­ска фикција, филозофска лирика, сатира. Ова прозно дело, класифицирано од науката за литературата како роман, новела или роман бајка, е либерална интерпретација на современата германска филозофија и на антички мотиви, третирајќи теми како патување низ времето и реинкар­на­ци­ја низ објективот на посткантовскиот идеализам. Централ­ниот лик, фантастичен научник, се движи низ времето и низ просторот, меѓу својот мизерен дом, своето претходно постоење како монах во Молдавија од 15 век и своето постое­ње на повисоко ниво како небесен Зороастер.

Главниот лик Дионис или Дан, преку употреба на волшебна книга, патува низ времето и низ просторот, со нарушување на природниот поредок на реалноста. Сегаш­носта на Дионис се меша со минатото на Дан, што предиз­викува збунетост кај читателите, но крајот на новелата ја засилува енигмата, ама не ја решава.

Еминеску ја започнува својата приказна за суштината на мислата, замислата и смислата, со размислувања во прво лице за субјективноста, квалитетите, перцепцијата на време­то и на физичкиот свет, кој е „сон на нашата душа“. Нараторот потоа открива дека ова е цитат од аматерскиот метафизичар Дионис. Тој го опишува вториот како неуре­ден, но згоден, млад букурештанец, симнат до дното на сиромаштијата и склон на мечтаење. Тој е сирак, роден вонбрачно од мистериозен аристократ и ќерка на свеште­ник. Иако е страстен езотеричар и читател на свети книги, Дионис најмногу е „суеверен атеист“.

Михај Еминеску (родено име Михаил Еминовичи; 1850 – 1889) е романски писател – романтичарски поет, романо­писец и новинар, кој се смета и се слави за највлијателен и најпознат романски поет, како и прв современ поет во романската литература. Неговите дела имале силно влија­ние врз романската култура. Николае Јорга, романски исто­ри­чар, го смета Еминеску за татко на современиот романски јазик, кој влијаел врз романскиот јазик на ист начин како што Шекспир директно влијаел врз англискиот јазик.

Најголемиот дел од неговиот творечки опус е поетски, објавил три прозни книги, меѓу кои е и новелата „Кутриот Дионис“.

Превод од романски јазик: Ирина Кроткова