×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Магдалена

Магдалена


Издавач: БАТА ПРЕСС МИЛЕНИУМ Д.О.О. Скопје
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страници: 246
Година на издавање: 2025
Автор: Сесилија Мангера Брејнард
ISBN: 9786082533216
Жанр: Историски романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
430 ден.

„Приказната за животот на Магдалена е богата, полна со емоционален интензитет, раскажана со брилијантната јасност со пенкалото на Мангера Брејнард. Романот ме натера да заплачам и да воздивнувам. Толку многу ме потсети на семејството на мајка ми, што морав да го оставам романот настрана на половина на приказната.

Интензитетот и јасноста што романот ги носи со себе се како силна сончева светлина, светлина во која не можеш да гледаш директно без да ослепеш.

Исто како семејството на мајка ми, семејството на Магдалена е мешавина од шпанско и кинеско потекло. Очигледно, силните емоции и нивното изразување не се карактеристика својствена само за членовите на семејството од страната на мајка ми, како што би сакала да си мислам. Оваа книга, напишана толку далеку од родните брегови на авторката (и моите), ми покажа дека фикцијата е исткаена од многу вистински конци, дека раскажува животи што многу лесно можело да се живеат во родното место на мајка ми, во Висајас. Оваа книга ме погоди директно во срце.

Ретко кога сум прочитала толку извонредна умешност во раскажувањето каква што може да се види на страниците од овој роман. Авторката го користи историскиот контекст на Филипините под јапонска окупација со максимален ефект, ги разорува емоциите на читателот, безмилосно и без да поштеди никого. Умираш однатре и повторно оживуваш кога чувството на надеж ќе те погоди – а ќе те погоди.

Прочитајте ја „Магдалена“ за да видите како силата и убавината на овие жени се протегаат низ три генерации и ја поразуваат дури и смртта.“

— Г. Алма Анонас-Карпио

Можеби ќе ве интересира