| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Во едно рударско гратче обземено со златна грозница, кое со секој ден станува сѐ полакомо, Муршит е принуден да биде „глава“ на семејството и менаџер на хотелот што му останал наследство од таткото, иако тој имал поинакви желби. Вистинското пријателство го пронаоѓа во Маденџи, на кого хотелот на Муршит му е засолниште во бегството од демоните што ги оставил во Истанбул. Видувањето на светот од двајцата пријатели на читателот му донесува содржини од недоличните страници од минатото на Турција. Трагичните историски настани ги следат бестрашните коментари на авторката што таа ги изнесува со вообичаениот недостаток на сентименталности.
Во романот Светска болка, чијашто заднина е исткаена од општествени трагедии и приказни за колективното безумие, означена е јасна граница што ги разделува луѓето одлучни да се пресметаат со минатото од остатокот на општеството во кое живеат.
Пред нас е делото на Ајфер Тунч, турската писателка без влакна на јазикот – потресен роман што настанал во дваесет и петтата година од нејзината писателска кариера.
Светска болка е тупаница стисната од зборови.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам