×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Да се украде срце

Да се украде срце


Издавач: БАТА ПРЕСС МИЛЕНИУМ Д.О.О. Скопје
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страници: 345
Година на издавање: 2025
Автор: Кејт Бејтман
ISBN: 9786082533162
Жанр: Историски романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
430 ден.

Париз, јуни 1815

Присилена од наредбата на корумпираниот министер, Мариен Бонард се согласува да подметне докази во канцелариите на најозлогласениот француски шпион. Прикриена од темнината во ноќта, убавата Мариен ја користи својата вештина и тивко оди по акробатската жица што води до прозорецот на шпионот. Но, додека светлината на месечината го осветлува движењето на нејзиното витко тело, Николас Валет, познатиот и згоден шпион, ја набљудува нејзината неверојатна изведба. Пред да пристигне, Николас изненадувачки ја пречекува на прозорецот, а Мариен нема друг избор освен да се предаде на својата мета, во прегратката и цврстите раце на Николас.

Во моментот кога Мариен ќе влезе низ прозорецот, нејзиното тело трепери, не само од страв туку и од страста што ја чувствува кон елегантниот Николас, но и од предлогот што тој ѝ го нуди. Восхитен од способностите на очекуваната натрапничка, Николас веднаш ѝ смисли задача за својата следна мисија. На почетокот Мариен не сака да се впушти во таква акција, но потоа наоѓаат заеднички непријател и тоа силно ќе ја поттикне да соработува со Николас. Иако за Николас ова ќе биде како да се обидува да припитоми диво животно, каков е тој живот ако не се преземе нималку ризик?! На крајот на краиштата, и двајцата подеднакво сакаат едно исто нешто: вкусот на одмаздата. Или можеби вкусот на нешто уште повозбудливо…

Можеби ќе ве интересира