×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Александар Македонски (историски роман)

Александар Македонски (историски роман)


Издавач: Македоника Литера
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страници: 392
Година на издавање: 2026
Автор: Јана Јазова
ISBN: 9786082522586
Жанр: Историски романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
700 ден.

Биографијата на македонскиот цар со светска слава за сите времиња – Александар Македонски била уметнички предизвик за неколкумина познати писатели во светот, но евидентно е дека романот „Александар Македонски“ на бугарската писателка Јана Јазова е исклучително белетристичко и историско дело.

„Александар Македонски“ е историски роман кој само се потпира врз историските податоци, но е изведен со една неверојатна леснотија во градењето на приказната и е создадено особено занимливо четиво. На маестрален начин големата бугарска писателка ја раскажала историјата на најпознатиот македонски цар и најголемиот војсководец на сите времиња. Таа изградила комплексна структура на делото со која се зафатени сите значајни аспекти на неговото време, на неговиот живот, на неговиот поход и воопшто на неговата немирна природа. Многу суптилно го прикажува ликот на Александар, во сите негови манифестации – од детството и од неговите нежни чувства и изливи и харизмата – до суровите, крвави и ужасни постапки во многуте драматични настани во неговиот кус живот. Во приказната е вткаена историјата на тогашниот свет, на тогашната цивилизација – на Македонија, Елада, Египет, Персија, Индија... па сè до границите на светот кон кои се стремел големиот воин, освојувач и космополит. Но, пред сè, ова е исклучително значајно дело за македонската античка историја!

Делата од доживотно забранетата и заборавена бугарска писателка почнуваат последователно да се објавуваат дури кон крајот на минатиот век (по 1987 година), а излегувањето на романот „Александар Македонски“ во 2002 година (набргу по пронаоѓањето на машинописот), наиде на одличен прием кај читателите и кај бугарската литературна критика, која ова дело веќе го оцени за најдобра книга со литературни вредности за Александар Македонски што досега воопшто е објавена во светот и за едно од најдобрите дела на авторката. И покрај тоа што делото е пишувано во четириесеттите години на минатиот век, тоа има исклучително висока книжевна вредност и стилска свежина и кога се чита во 21 век. Во Бугарија доживеа неколку изданија и е една од најчитаните историски белетристички книги, односно една од најпродаваните бугарски историски книги во последниве две децении.