Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ Подвижна | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Нема на залиха |
Јапонската божица Сеиобо во својата градина поседува праскино дрво кое цвета еднаш на секои три илјади години: неговите плодови даруваат бесмртност. Во Сеиобо таму долу ги сведочиме нејзините чести враќања во смртните предели поттикнати од потрагата по барем мигновена глетка на совршенство.
Во романот на Краснохоркаи убавината го одразува – макар само краткотрајно – светото, иако ние најчесто не сме во состојба да се носиме со него. Сеиобо ни ја прикажува реставрацијата на една древна статуа на Буда; ни го прикажува Перуџино како раководи со својот дуќан; јапонскиот но-актер додека ги вежба своите улоги; фанатичниот вљубеник во барокната музика кој држи предавања пред грст остарени селани; туристите кои ја нарушуваат неповредливоста на ритуалите врзани за најсветото место за обожавање во Јапонија; чапјата како лови...
Над сиве овие сцени, но и над многу други – распределени во согласност со низата на Фибоначи – лебди Сеиобо, набљудувајќи го сиот тој свет под себе.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам