Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Подвижна | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Тоа што не го знаеме не може да нè повреди.
Самоубиство, убиство или случајна смрт? Околностите за смртта на Вероника Вербриген би зазеле само неколку реда во печатот доколку таа не е позната личност, сопственичка на издавачка куќа и истражувач на помалку познати уметници. По неа тагуваат двајца мажи – сопругот Даниел и Титус – нејзиниот љубовник кој докрај чека таа да ја донесе конечната одлука да живее со него.
А тука е и Мина, 21-годишната ќерка на Вероника, која се соочува со многу навестувања што не го наоѓаат своето место во сложувалката. Која била мајка ѝ навистина, што криела од неа и од светот? За да не го повреди Даниел барајќи објаснувања од него, Мина му се јавува на Титус. Со негова помош малку по малку проникнува во комплексната личност на Вероника, која била раскинувана од своите спротивставени чувства.
Сите тројца се соочуваат со сомнежи што не се вклопуваат во нивната слика за саканата жена и мајка. Факт што ги тера и самите да се преиспитуваат: што знаеме за животот на луѓето околу нас? Колкав дел од себе ни покажуваат и што кријат? Зашто некогаш нештата поради кои страдаме прикриваат некое друго, поголемо и понеподносливо страдање.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам