×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Пеам јас и планината танцува

Пеам јас и планината танцува

Ирене Сола


Издавач: ТРИ
Автор: Ирене Сола
ISBN: 9786082307879
Жанр: Европски автори
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Подвижна Нема на залиха
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
300 ден.

Пеам јас и планината танцува е ода за природата и за умешноста да се живее во согласност со неа. Преку гласот на авторката своите приказни ги раскажуваат не само луѓето туку и облаците и громовите, печурките, срните и мечките, планината, водите и самовилите... Како дете на планината, момчето Хилари ги опева тие чудесни стихии во своите песни. А кога случајно ќе биде убиен од својот пријател, продолжува да живее во сеќавањата, посетувајќи ја како дух сестра си Мија...

Приказните во овој чудесен роман се преплет од реалност и фикција за опстанокот во пазувите на исцелителната планина, за осаменоста и пријателствата, за војните и убивањата, но и за убавината и добрината. Раскошна нарација што ја продолжува традицијата на големите автори на каталонската литература, со силно изразен симболичен и поетски стил.

„Фантастичен роман, во секоја смисла на зборот. Силна поетска приказна во која трагедијата и искупувањето одат рака подрака.“ Кадена сер

„Блескава и возбудлива... Потврда за раскажувачкиот талент и лирската моќ. Сола ги спојува и ги оживува историјата и легендата, реалноста и литературата.“ Ла Вангардија

Ирене Сола

Ирене Сола

Види повеќе