| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Во едно тивко предградие во северниот дел на Њујорк, еден тинејџер се прикрадува во куќите – и во компјутерите на сопствениците – учејќи ги нивните тајни, а можеби и споделувајќи некои од нив. Кој е тој, и што можеби открил? И кога ќе биде најдена една жена убиена на улицата, напнатоста се зголемува. Кој ја убил? И на што сѐ се подготвени овие луѓе за да ги заштитат сопствените тајни? Во ова соседство не играат игри само сопружниците. Во ова соседство, секој во семејството има своја тајна...
Шари Лапена е родена во 1960 година, во Канада. Пред да почне посериозно да се занимава со пишување работела како адвокат и како наставничка по англиски јазик. Нејзиниот прв трилер „Двојката од соседството“ беше најпродавано дело според Њујорк тајмс и стана глобален бестселер.
Авторка е на романите „Кога работите ќе се разлетаат“, објавен во 2008 година, и „Економија на среќата“, во 2011 година.
„Несаканиот гостин“ е нејзиниот трет трилер по што ги објавува „Некој што го познаваме“, „Нејзиниот крај“, „Несреќно семејство“, „Сите овде лажат“, „Што направи?“, „Не го очекуваше тоа“ и последниот кој беше објавен во 2026 г. „Како да се извлечеш со убиство“. Сите нејзини трилери може да се читаат одделно, но и редоследно по годината на излегување.
Со својот стил на раскажување Шари Лапена мајсторски ја пренесува неизвесноста на настаните и го држи читателот во возбудлива напнатост до последната страница.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам