×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Црни Овци

Црни Овци

Катица Ќулавкова


Издавач: Просветно дело
Автор: Катица Ќулавкова
ISBN: 9786082283425
Жанр: Лектирни изданија
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
495 ден.

Оваа книга се состои од поголем број на раскази каде што се одработуваат различни теми. „Црни Овци” е воведена како задолжителна лектира за деветто одделение во основно образование

Катица Ќулавкова

Катица Ќулавкова

Катица Ќулавкова (Велес, 21.12.1951) е македонски писател (поет, раскажувач, есеист). Таа е редовен член на МАНУ од 2003, член на Европската академија на науките (Салцбург, од 2014) и потпретседател на Меѓународниот ПЕН (од 2008).

Автор е на десетици книги поезија и теориско-есеистички книги, на две книги куси фикции/раскази и една драма во стихови. Нејзини поетски книги се објавени во превод на англиски, француски, италијански, руски, романски, португалски, хрватски, српски, црногорски, бугарски, албански, а одделни песни се преведени и објавени и на други светски јазици (шпански, германски, турски, украински, грчки, словенечки, јапонски, аромански). Има приредено неколку антологиски избори на македонскиот расказ и поезија, три антологии на светскиот расказ, повеќе критички изданија на македонски писатели. Преведува од француски. Добитник е на врвните македонски и други награди за книжевност и животно дело.

Автор е на книгите поезија (оригинали): Благовести (1975), Акт (1978), Нашиот согласник (1981), Нова пот (1984), Жедби – престапни песни (1989), Домино (1993), Изгон на злото (поема или драма во стихови, 1997), Меѓусвет (2000), Слеп агол (2004), Тенок мраз (2008), Голо око (2010), Кога ни гореше под нозете (2013), Хаику елегии (2013) и Мои страсти, мои страданија (2019). Избори од нејзината поезија на македонски: Дива мисла (1989), Предигра (1998), Ерато (2008), Златен пресек (2015).

Ги има објавено двете збирки куси раскази/фикции: Друго време (1989, англиското издание 2006) и Сонот е живот (2014), како и 18 теориско-есеистички книги: Фигуративниот говор и македонската поезија (1984), Стапка и отстапка (1987), Одлики на лириката (1989), Копнеж по систем (1992), Потход и исход (1996), Камен искушител (1996), Тетратки (1997), Теорија на книжевноста – увод (1999; англиско издание, 2004), Мала книжевна теорија (2001), Поетика лирике (Београд, 2001), Херменевтика на идентитети (2006), Задоволство во толкувањето (2009), Демонот на толкувањето (2009), Македонски искушенија и други огледи (2012), Отворена поетика – огледи за книжевноста и културата (2016), Македонски волнени времиња (2017, интервјуа), Балкански наративи (2018) и Интерпретативен синкретизам (2019).

Освен неколку антологиски избори (македонски раскази, поезија и есеј, три антологии на светскиот расказ), има објавено и повеќе хрестоматии на теориски текстови: Феминистички стратегии (1998), Теорија на интертекстуалноста (2003), Поетика и херменевтика (2003), Дијалог на интерпретации (2005), The Linguistic Rights of Minorities (2007), Балканска слика на светот (2006), Поимник на книжевната теорија (2007), Interpretations Vol. 1-5, Балкански места на меморија (2017), Критички методи и толкувања 1 и 2 (2018) и др. Ќулавкова има и неколку електронски изданија. 

Види повеќе

Можеби ќе ве интересира