Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ Подвижна | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Магична приказна за едно тајно знаење кое со векови се пренесува од мајка на ќерка. Младата жена која ќе биде посветена во тајната открива во старото ковчеже посебен дар, но и чудесна способност пресудна за нејзиниот живот. Фраскита Караско добива прибор за шиење и конци со дотогаш невидени бои, со кои создава чуда. Таа умее сè да сошие, сè да закрпи, па дури и раздвоената душа. Но исплашени од убавината што ја гледаат а не ја разбираат, селаните ја исмеваат младата Фраскита и го претвораат нејзиниот дар во проклетство. А кога нејзиниот збудален маж во борба со петли ги губи и куќата, и земјата, па дури и неа самата и нејзиниот сон, таа го напушта селото и тргнува во светот кој никогаш дотогаш не го видела.
Прокоцканата жена и нејзините пет необични деца поминуваат долга голгота – преку морето и пустината, до едно мало арапско гратче во кое Фраскита ќе ги проживее последните денови од животот. Тука таа ги шие последните венчаници – за своите ќерки, и им ги пренесува во наследство сите тајни приказни, рецепти, молитви и проклетства.
„Прониклив, мрачен и надреален“. Чикаго трибјун
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам