| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Ист Гејт | Нема на залиха |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Нема на залиха |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Ме прашаа да објаснам како ја добив идејата да го напишам романот ’Пајажината на Шарлот‘. Па, јас ги сакам животните и ќе беше чудно да не пишувам за нив. Животните ми се слабост и кога купив земјиште на село, уверен бев дека таму ќе чувам животни, како што и се случи.
Фармата е посебен проблем за човек кој сака животни, бидејќи судбината на поголемиот дел од добитокот е таква што бидува убиен од страна на неговиот добродетел. Тие суштества можеби ќе живеат спокојно, но завршуваат насилно, а реата на пропаста секогаш виси околу нив. Сум чувал неколку прасиња, гледајќи ги како рулчиња уште напролет и гоштавајќи ги преку целото лето и целата есен. Таа врска ме оптоваруваше. Од ден на ден се поврзував сè повеќе со моето прасе, и тоа со мене, а фактот што целата авантура укажуваше на моите задни намери, им даваше морничав призвук на нештата. Јас не сакам да изневерувам човек или живо суштество и се согласувам со господинот Е. М. Форстер дека должноста на човекот во овие времиња е да биде доверлив, пред сè. Порано ми беше јасно – прасето што го крмам не може да смета на мене, но тоа како да почна да ме измачува. Како и да е, во ’Пајажината на Шарлот‘ главната тема е преживувањето на прасето, и длабоко во себе знаев дека во мене постоела желба за тоа.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам