×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Книжевни каталози

Книжевни каталози

Марија Ѓорѓиева-Димова


Издавач: Паблишер
Автор: Марија Ѓорѓиева-Димова
ISBN: 9786085021055
Жанр: Теорија на литературата
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
320 ден.

Марија Ѓорѓиева-Димова, како едно од водечките имиња на актуелната книжевно-теориска и книжевно-критичка сцена, преку своите дванаесет исклучителни компаративни студии поместени во четири „каталози“, ни нуди длабок, прецизен, строг, но и сеoпфатен увид во калеидоскопот на македонската книжевност од крајот на XX и почетокот на XXI век. Суштински упатена во стожерните подвижници на теориската мисла, таа со мајсторска вештина и со усет за нијансите ги чита и ги толкува, ги анализира и ги вреднува како веќе утврдените „класици“ така и најновите бисери на македонската литература за кои книжевната критика речиси воопшто се нема изјаснето.

Со креативна и инвентивна примена на книжевната теорија во толкувањето на делата, таа ги втемелува своите студии врз оригинален потход и систем: по теориската контекстуализација се преминува кон исцрпна елаборација на интерпретативната рамка, која е до збор доследно применета врз херменевтичките исчитувања на книжевните творби, што редовно кулминира со снајперски прецизни теориски согледби и синтези кои ни овозможуваат далеку подлабоко да ги доживееме анализираните дела.

Владимир Мартиновски

Марија Ѓорѓиева-Димова

Марија Ѓорѓиева-Димова

Види повеќе

Можеби ќе ве интересира