×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Дон Кихот

Дон Кихот

Мигел Де Сервантес Сааведра


Издавач: Матица
Автор: Мигел Де Сервантес Сааведра
ISBN: 9989484376
Жанр: Класики
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Нема на залиха
Книжарница ТРИ Ист Гејт Нема на залиха
Книжарница ТРИ Веро Центар Нема на залиха
Книжарница ТРИ ГТЦ Нема на залиха
400 ден.

Изворно објавен во два тома во 1605 година и деценија подоцна, „Дон Кихот“ на Мигел де Сервантес е првиот модерен европски роман, камен-темелник на западноевропската книжевност, дело што има оставено непресметлива трага врз светската култура и човековата колективна меморија.

Едновремено сметан и за еден од најсмешните и за еден од најтрогателните романи во историјата, „Дон Кихот“ ги следи авантурите на епонимниот херој кој, заведен од тогаш популарните витешки новели, си вообразува дека е витез, па го подјармува својот исушен коњ Росинант и, заедно со својот приземен и рационален сосед Санчо Панса – а речиси секогаш со вљубена мисла вперена кон идеалната дама Дулсинеја од Тобосо – тргнува во потрага по светските несреќи: да ги влоши онаму каде што постојат, да ги создаде онаму каде што ги нема.

Но, како што напредува делото, така се замаглува и острата поделба меѓу Дон Кихот и Санчо Панса, а со тоа се бришат и границите меѓу лудоста и доблесноста, меѓу високите идеали и навидум здодевната здраворазумност.

И додека карактерите на Дон Кихот и неговиот штитоносец се прелеваат еден во друг, и перото на Сервантес почнува да се колеба меѓу неговите првични намери и судбината на неговиот омилен херој: „Само за мене се роди Дон Кихот“, вели на крајот, „и јас за него; тој умееше да дејствува, а јас да пишувам“.

Навестувајќи низа постмодернистички техники и исцрпувајќи широка палета можности на жанрот, „Дон Кихот“ го осмислува романот како најеластичниот книжевен жанр и со решавачки потег го постила црвениот тепих за востоличување на идната доминантна книжевна форма.

Мигел Де Сервантес Сааведра

Мигел Де Сервантес Сааведра

Види повеќе

Можеби ќе ве интересира