Достапност во продавниците |
---|
Среќа не е да го имаш она што го сакаш, туку да го сакаш она што го имаш. Треба да имаш вистинска стратегија што ќе ти помогне во тоа.
Задолжителен водич кој ќе ви ги покаже сите начини за збогатување и достигнување економска сигурност.
Ова не е типична книга за личните финансии. Нема табеларни пресметки, страници со долги табели за споредба на придонесите и расходите, нема да ве поттикне да се ослободите од кредитните картички или да лепите мотивациски цитати на фрижидерот. Не затоа што не се вредни, туку затоа што има друг начин. Многу посигурен и поуспешен.
Сега ги имате правилата за финансиски успех нагодени според денешната економија. Без разубавување на вистината. Директен и без задршка во своите мудри и револуционерни совети, еден од најпопуларните професори на бизнис-училиштата во светот, Скот Галовеј, ќе ви каже како максимално да ги искористите можностите.
Ќе научите како да поставите основа, не само за богатството туку и за вештините, врските, навиките и приоритетите што овозможуваат напредување. Богатството е отсуство на економски грижи и стресови. Можеме да избереме како ќе живееме, во оној миг кога ќе се ослободиме од притисокот за заработување.
„Длабоко проникливо. Ретко кој може да објасни една ваква сложена тема на толку едноставен начин како Скот Галовеј.“
Морган Хаусел, автор на „Психологија на парите“
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам