×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Жените што трчаат со волците

Жените што трчаат со волците

д-р Клариса Пинкола Естес


Издавач: Антолог-Боокс ДООЕЛ
Автор: д-р Клариса Пинкола Естес
ISBN: 9786082437071
Жанр: Есеи и колумни
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
850 ден.

Во секоја жена има диво и природно суштество, моќна сила исполнета со добри инстинкти, страсна креативност и безвремено знаење. Името ѝ е Дивата Жена, но таа е загрозен вид. Иако се раѓаме со дарбите на дивата природа, обидот на општеството да нè „цивилизира“ во крути улоги го грабнал ова богатство и ги замолчел длабоките, животворни пораки на нашите сопствени души. Без Дивата Жена, стануваме премногу припитомени, страшливи, некреативни, заробени.

 „Жените што трчаат со волците: митови и приказни за архетипот на Дивата Жена“ (1992) се смета за еден од класиците на феминизмот. Тоа е дело што функционира како хибрид на феминистичка антропологија, етнологија и психоанализа. Во него авторката користи богати интеркултурни митови, бајки и приказни, со цел да им помогне на жените повторно да се поврзат со својата инстинктивна природа. Преку приказните и коментарите на авторката се истражува, се анализира и се објаснува митот за Дивата Жена и се создава нов лексикон за опишување на женската психа. Авторката верува дека здравјето, среќата и целоста на жената зависат од нејзиното враќање кон изворите на нејзината потисната природа, и ова го објаснува врз основа на интерпретација на значењето на некои традиционални приказни од северноамериканскиот, јужноамериканскиот и од европскиот фолклор.

Во книгата има шеснаесет поглавја, секое посветено на некој особен аспект на женското искуство – врските, креативноста, лутината, спиритуалноста, припаѓањето итн. Во поговорот, авторката зборува и за терапевтската функција на приказните, надоврзувајќи се така и на традиционалните начини на прекугенерациско пренесување на женската историја и искуство.

 

д-р Клариса Пинкола Естес

д-р Клариса Пинкола Естес

Клариса Пинкола Естес (1945) е американска поетеса, психоаналитичарка и кантадора, чуварка на оралните приказни во латиноамериканската традиција. Има домородно американско и мексиканско потекло, а била усвоена од имигрантско и бегалско семејство со унгарско потекло. Работи како клинички психоаналитичар со специјалност за посттрауматски состојби. Има докторат по етноклиничка психологија, со посебен акцент на домородната историја. Работела и како терапеврт на терен, со преживеани од природни катастрофи и од други трагични настани. Естес е активистка и за социјална правда. Авторка е на многу дела, преведувана е на повеќе од триесет јазици, а нејзината книга „Жените што трчаат со волците: митови и приказни за архетипот на Дивата Жена“ била на списокот на најпродавани книги на „Њујорк тајмс“ цели 145 недели. Првото издание на книгата од 1992 година е продадено во над два милиона примероци.

Види повеќе