Клариса Пинкола Естес (1945) е американска поетеса, психоаналитичарка и кантадора, чуварка на оралните приказни во латиноамериканската традиција. Има домородно американско и мексиканско потекло, а била усвоена од имигрантско и бегалско семејство со унгарско потекло. Работи како клинички психоаналитичар со специјалност за посттрауматски состојби. Има докторат по етноклиничка психологија, со посебен акцент на домородната историја. Работела и како терапеврт на терен, со преживеани од природни катастрофи и од други трагични настани. Естес е активистка и за социјална правда. Авторка е на многу дела, преведувана е на повеќе од триесет јазици, а нејзината книга „Жените што трчаат со волците: митови и приказни за архетипот на Дивата Жена“ била на списокот на најпродавани книги на „Њујорк тајмс“ цели 145 недели. Првото издание на книгата од 1992 година е продадено во над два милиона примероци.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам