×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Норман Винсент Пил


Норман Винсент Пил е глобално познат американски свештеник и автор, најпопуларен по неговиот концепт на позитивно мислење, особено по неговата книга „Моќта на позитивното мислење“.

Пил е влијателен и инспиративен американски религиозен лидер кој по Втората светска војна се обидел - а согласно следбениците на неговите ставови и продажбата на неговите книги - и успеал да донесе духовно обновување во Соединетите Американски Држави со неговите настани, емисии, колумни, весници и книги.

Роден е на 31 мај 1898 година во Охајо. Средното училиште го завршил во Белефонтајн (Bellefontaine High School), а потоа дипломирал на Универзитетот Веслијан (Ohio Wesleyan) во 1920 година. Пред да се посвети на свештенството, работел како новинар. Во 1922 година ги продолжил теолошките студии на Универзитетот по теологија во Бостон (Boston University School of Theology) каде се стекнал со титулата магистер по света теологија  (bachelor of sacred theology) и магистер по уметноста во социјалната етика (arts in social ethics degrees) во 1924 година. Истата таа година станал првиот свештеник кој има радио програма. Во 1935 година радио-програмата „Уметноста на живеењето“ (The Art of Living) бстанала популарна насекаде низ светот.

Пет години по дипломирањето, Пил ја сменил својата припадност за да може да го прифати своето место на Marble Collegiate Church во Њујорк. Неговите динамични проповеди успеале да влијаат врз членството од стотици членови до неколку илјади. За да им помогне на членовите почнал да се консултира со психијатарот Смајли Блантон (Smiley Blanton) со кого заедно формирале клиника веднаш до црквата. Заедно пишувале и книги од кои најпозната е „Вербата е одговорот“ (Faith is the answer) напишана во наизменични поглавја. Додека Блантон се бавел со психијатриски случаи, Пил решавал религиозни прашања.

Кога критичарите негативно се осврнале кон делото на Пил поради контроверзната книга „Моќта на позитивното мислење“ (1952), со која се стекнува со светска слава, Блантон се оддалечил од Пил и одбил да ја објавува книги со него. Негативните критики биле од страна на експертите за ментално здравје кои сметале дека неговите ракописи негативно се одразуваат врз менталното здравје на читателите, бидејќи Пил смета дека позитивниот став на умот и верувањето во себе се исто толку неопходни колку верувањето во Бог, и дека религијата може да се искористи за да се подобри материјалниот живот.

И покрај тоа оваа книга е феномен во литературата бидејќи речиси преку ноќ станала бестселер на Њујорк тајмс каде останала на топ-листата 168 недели. По една декада, Пил продал 5 милиони примероци на 14 јазици. Тој продолжил да пишува и да ги собира неговите колумни во списанијата што начелно го прават автор на 46 книги, меѓу кои „Можеш да победиш“ (You can win), „Водич за самоуверен живот“(A Guide for confident living), „Овој неверојатен век“ (This incredible century).

Освен тоа, Пил е многупати наградуван автор и има освоено многу почести меѓу кои Медал на слободата (Presidental medal of freedom) во 1984 година.