×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Спенсер Џонсон


Спенсер Џонсон (24.11.1938 – 3.07.2017) беше лекар и меѓународно признат автор и говорник. Неговите книги им помагаат на милиони луѓе да ги откријат едноставните вистини за живеење на поуспешни и помалку стресни животи. Се смета за еден од најдобрите светски стручњаци за расчленување на комплексните теми и откривање едноставни, применливи решенија.

Роден е во Мичел, Јужна Дакота. Дипломирал психологија на Универзитетот во Јужна Калифорнија, станал доктор по медицински науки на Кралскиот колеџ за хирурзи, а работел во Медицинската школа на Харвард и на Клиниката Мејо.

По објавувањето во 1998 г., бестселерот Кој го здипли моето сирење? стана вистински издавачки феномен, една од највлијателните книги за самопомош на сите времиња. Д-р Џонсон е и коавтор на Менаџер за една минута со легендарниот консултант за менаџмент д-р Кенет Бленчард, која и денес е меѓу најпродаваните деловни книги во светот. Од оваа серија се објавени уште неколку книги: Продавач за една минута, Мама за една минута, Тато за една минута, Учител за една минута, Продавач за една минута, Една минута за себе и др.