Дон Мигел Руис е учител по традицијата на старите Толтеци. Повеќе од една деценија им ја пренесува мудроста на древните Толтеци на своите суденти и ученици, покажувајќи им го патот кон личната слобода. Пораснал покрај мајка курандер (исцелителка). Неговото семејство очекувало дека Мигел ќе го прифати вековното наследство на исцелител и учител и ќе продолжи да ги пренесува понатаму езотеричните учења на Толтеците. Место тоа, привлечен од модерниот начин на живеење, Мигел решил да заврши медицинско училиште и да стане хирург.
Средбата со смртта му го изменила животот. Потресен од тоа искуство, започнал интензивно самоистражување. Се посветил на запознавањето на древната мудрост на своите предци, предано учел од мајка си и завршил обука кај еден моќен шаман во мексиканската пустина. Неговиот дедо, кој во тоа време веќе го напуштил овој свет, продолжил да го подучува во соништата. Во согласност со традицијата на Толтеците, нагвалот ги води луѓето кон личната слобода. Дон Мигел Руис е нагвал од родот Витези на орелот и е посветен на пренесувањето на знаењето и учењето на древните Толтеци.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам