| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Треба да применувате само четири едноставни, но многу важни правила за да го промените темелно својот живот: Беспрекорно користете го својот збор, Ништо не сфаќајте лично, Не правете претпоставки и Секогаш направете сè што можете.
Нив авторот ги нарекува спогодби што човек ги склучува со самиот себе. Мудроста што се крие во нив ќе ви отвори нови хоризонти, ќе ве охрабри и ќе ви влее самопочит. Применувајќи ги во животот, тие ќе ве научат како засекогаш да се ослободите од срамот, каењето и (само)презирот.
Човекот од западната цивилизација не се среќава често со ваква книга. Нејзината благост потсетува на изворните учења на Исус и на Буда и е облагородена со длабоката мудрост на стариот индијански народ Толтеци. Според легендите, тие не изумреле. Само ги нашле повисоките сфери на духот. Прочитајте ја оваа ретка книга и склучете ја најзначајната спогодба со самите себе, на големо задоволство на сопствената душа.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам