Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Подвижна | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Се чувствувам изгубено, како да не сум на вистинскиот пат.
Се споредувам со другите и се чувствувам неуспешно.
Толку сум преплавен со мисли што не можам да спијам.
Се пронајдовте ли во некоја од овие реченици? Не грижете се, сите понекогаш се чувствуваме така, и тоа е сосем нормално. Но само малкумина успеваат мудро да се справат со овие прашања на секојдневното постоење. Нивните одговори ги знае еден од најголемите филозофи на светот, Сенека, кој ги запишал во своите писма. Што ако некој ги приспособи на сегашниот живот и ви овозможи да го намалите стресот, да го живеете животот што е можно помирно, попозитивно и поисполнето? Јана Капри и Чаран Дијаз го сторија тоа во оваа книга, во која ќе пронадете:
- 79 прашања за животот
- 79 одговори инспирирани од стоикот Сенека
- психолошки промислувања што ќе ви овозможат да живеете исполнет живот.
Ви посакуваме среќно психолошко-филозофско патување, во текот на кое ќе чувствувате помалку неспокој во друштвото на Сенека. Вклопете се во стоичкиот пристап кон животот и променете го начинот на кој мислите, за да може да го разубавите и да го збогатите својот живот.
Јана Капри е истакната шпанска авторка од областа на популарната психологија.
Магистер е по невролингвистичко програмирање (NLP). Знаењата што ги стекнала студирајќи, меѓу кои се посветување на целта, одредување на личните и професионалните цели, како и работното искуство како тренер и едукатор по комуникациски вештини, придонесуваат за веродостојноста на нејзините книги и можноста да извршат вистинско позитивно влијание врз животот на читателите.
Има завршено курс по психолошка астрологија, што подразбира терапевтски метод за духовно будење според датумот на раѓање.
Заедно со Чаран Дијаз, авторка е на книгите „Остани позитивен со Марко Аурелиј“ и „Остани спокоен со Сенека“, кои по своето објавување во 2020 година веднаш стануваат хит меѓу читателите и приврзаниците на стоичката филозофија. Со Дијаз имаат објавено уште еден заеднички наслов, „Пророкова книга за самопочит и самодоверба: 52 неповрзани промислувања/вежби од по 1 минута за стекнување самодоверба“, а самостојно ја објавува „Веганска самоувереност: интерактивен водич со 80 најчести прашања и коментари и повеќе од 250 одговори“.
Јана Капри со своите книги придонесува за подобрување на животот на луѓето нудејќи им различни техники за совладување на секојдневните тешкотии и помагајќи им да се чувствуваат среќно и исполнето.
Зборува пет јазици, живее и твори во Барселона.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам