×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Комуникацијата како пат до успехот

Комуникацијата како пат до успехот

Дејл Карнеги


Издавач: ТРИ
Автор: Дејл Карнеги
ISBN: 9786082307466
Жанр: Популарна психологија
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
320 ден.

Оваа книга ќе ве научи како да ги привлечете луѓето да ве слушаат со интерес, ќе ви покаже колку е важно вистински да слушате и да го користите чуеното во своја полза. Ќе ви помогне да совладате неколку најважни вештини во денешниот конкурентен свет – умешноста да зборувате пред публика, умешноста да водите спор и да излезете победник од него. Научете да комуницирате на нов начин, да ги придобивате луѓето на своја страна и да постигнувате успеси!

Без разлика дали продавате производи, услуги или идеи, деталните објаснувања и вежбите во оваа книга ќе ве научат како да ја зголемите својата моќ на убедување. Конкретно, книгата ви открива:

• Едноставен процес за постигнување супериорна комуникација
и влијание.
• 10 најчести грешки во деловната комуникација.
• 19 вежби за кратка и лесно разбирлива презентација.
• Ментални активатори и како да ги користите.
• Како да ги претворите заинтересираните во лојални клиенти.
• 12 докажани чекори за да станете убедливи и да се издвоите
од просечните.
• И многу повеќе.

Сето ова базирано врз принципите за успех поставени од Дејл Карнеги, надградени од неговите следбеници и применети од милиони луѓе што живеат според нив!

Дејл Карнеги

Дејл Карнеги

Основана во 1912 година, Дејл Карнеги тренинг еволуираше од вербата на еден човек во моќта на само-подобрувањето во компанија за обука заснована врз перформанси, со канцеларии ширум светот. Обуките се фокусирани на давање на можност на деловните субјекти да ги изострат своите вештини и да ги подобрат перформансите за да остварат позитивни, стабилни и профитабилни резултати.

Оригиналниот професионален домен на Дејл Карнеги постојано бил ажуриран, прошируван и рафиниран преку реални деловни искуства собирани речиси еден век. Сто и шеесетте франшизи Дејл Карнеги ширум светот ги применуваат своите обуки и консултантски услуги во компании од сите големини и во сите деловни сегменти за да ги зголемат знаењето и перформансите. Резултатот од тоа колективно, глобално искуство е ризницата на деловна проникливост на која се потпираат нашите клиенти за да постигнат деловни резултати.

Со седиште во Хопог, Њујорк, Дејл Карнеги тренинг е присутна во сите 50 држави на САД и во над 75 земји. Повеќе од 2.700 инструктори ги презентираат програмите за обука на Дејл Карнеги на над 25 јазици. Обуката е посветена на служење на деловната заедница во целиот свет. Всушност, низ неа поминале приближно 7 милиони луѓе.

Дејл Карнеги тренинг ги нагласува практичните принципи и процеси креирајќи програми што на луѓето им нудат знаење, вештини и практики што се потребни за да ја зголемат вредноста на својот бизнис. Поврзувајќи докажани решенија со реални предизвици, организацијата е меѓународно признаена како лидер во активирањето на најдоброто кај луѓето.

Меѓу оние што ја завршиле обуката има и извршни директори на големи корпорации, сопственици и менаџери на бизниси различни по големина и секоја трговска и индустриска активност, законодавни и извршни владини лидери и безброј луѓе чии животи се збогатени со ова искуство.

Во тековната глобална анкета за задоволството на клиентите, 99% од луѓето што ја завршиле обуката изразуваат задоволство од неа. 

Види повеќе