×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Акција
Чудесното утро

Чудесното утро

Хал Елрод


Издавач: Паблишер
Автор: Хал Елрод
ISBN: 9786084892168
Жанр: Популарна психологија
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
199 ден. 400 ден.

Заштедувате 201 ден.

Што ако – за некое чудо – се разбудите утре и сфатите дека некоја или секоја област од вашиот живот е преобразена? Што би било поразлично? Дали би биле посреќни? Поздрави? Поуспешни? Кој од вашите проблеми би бил решен? Што ако постои не толку очигледна тајна што несомнено ќе ви го промени животот побрзо отколку што сте се надевале? И замислете таа тајна да ви одземе само шест минути од денот!

Шесте навики што им ги менуваат животите на десетици илјади луѓе низ светот покажувајќи им како да се разбудат секое утро со повеќе енергија, мотивација и сосредоточеност, може да бидат наједноставниот пристап кон создавање на животот што отсекогаш сте го посакувале.

Дали сте подготвени за Чудесното утро? Следното поглавје од вашиот живот – најневеројатниот живот што сте си го замислувале – започнува. Време е да го разбудите својот целосен потенцијал!

„Хал Елрод е генијалец и неговата книга Чудесното утро внесе магија во мојот живот.“

Роберт Киосаки, автор на бестселерот Богат татко, сиромашен татко

Хал Елрод

Хал Елрод

Хал Елрод е жив доказ дека секој од нас ја има способноста да ги надмине неповолностите и да го создаде најизвонредниот живот што можеме да го замислиме. На 20-годишна возраст доживеал директен судир предизвикан од еден пијан возач, бил мртов во текот на шест минути, му биле скршени 11 коски, претрпел трајно оштетување на мозокот и му било речено дека никогаш веќе нема да може да оди. Пркосејќи им на логиката на лекарите и на искушенијата да биде жртва, тој станал човек што успеал во бизнисот и влегол во холот на славните, бил тркач на ултрамаратон, повеќекратен автор е на бестселери, хип-хоп уметник, сопруг, татко и меѓународен воведен/мотивациски предавач.

 Хал го посветува својот живот на тоа да им покаже на другите како да ги совладаат проблемите за да можат да го исполнат неограничениот потенцијал што го има секој од нас. Другиот негов бестселер бр. 1, Прифатете го животот без колебање: како да го сакате животот што го имате додека го создавате животот од вашите соништа – е една од највисоко рангираните и најпознатите книги на Amazon.com. (Прочитајте неколку од рецензиите и ќе видите зошто.) Хал е и еден од највисоко рангираните воведни и мотивациски предавачи во земјата. Иако многу корпорации и непрофитни организации редовно го канат да зборува на нивните конференции и собири за собирање средства, тој има и страст позитивно да влијае врз младите луѓе. Во текот на повеќе од една деценија, презентациите на „Yo Pal“ Hal имаат повлијаено на публика од над 100 000 луѓе низ Соединетите Држави и Канада, при што приближно 60 000 од нив биле средношколци и студенти.

Се има појавено на десетици радио и телевизиски шоу-програми низ земјата и бил претставен во многубројни книги, вклучувајќи ги Образование за милионери, Врвна продажба, Да се живее студентскиот живот во првиот ред, Упатства за автори за изградба на онлајн платформа, Неоспорниот лидер на продажбата и бестселер- серијата Пилешка супа за душата.

 

Види повеќе

Можеби ќе ве интересира