Ник Трентон е современ американски автор и магистер по психологија на однесувањето. Има објавено дваесетина книги од својата област, кои бележат голема популарност и од кои повеќето се бестселери.
Пораснал во руралните делови на Илиноис, САД, на фармата на своите родители. Денес живее во Чикаго. Дипломирал економија, а потоа студирал и психологија и магистрирал психологија на однесувањето. Самиот сака да каже дека станал професионален експерт за едно од своите омилени хобија: набљудување луѓе.
Се занимава и со скијање и сонува да патува низ светот и да води емисија за храна и готвење како Ентони Бурдејн. Сепак, поголемиот дел од времето го поминува во Чикаго, пишувајќи.
Други негови популарни книги се „Смирете ги своите мисли“, „Умешноста на себелекувањето“, „Преобразете ги своите мисли“, „Како да се пронајдете себеси“, „Анксиозноста е непријател“, „Здрави навики“, „Смирете ги своите емоции“, „Умешноста на среќата“, „Прирачник за будност“ итн. Многу од нив се преведени на повеќе светски јазици.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам