| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Која е онаа магична вештина што некои луѓе ја поседуваат поради која веднаш ви се лепат за срце? Сите сакаат да им бидат пријатели или да остварат интимна врска со нив. Во деловниот свет самоуверено јурат кон врвот на корпорациското скалило. Како им успева сè што ќе допрат да се претвори во „злато“?
Меѓу кориците на забавната и поучна книга Како да разговарате со секого ќе ги откриете малите трикови што писателката ги издвоила како клучни за постигнување успех. Дефинитивно ќе уживате читајќи ги и вежбајќи ги овие трикови проследени со практични совети и јасни примери и анегдоти.
Малите потези на кои ве учи, а кои без напор можете да ги направите дел од својата секојдневна рутина, ја создаваат вашата судбина. Зашто кога повторувате некое дејство, тоа ви станува навика. Навиките што ги имате го создаваат вашиот карактер. А вашиот карактер е ваша судбина.
Успехот нека стане вашата судбина!
Лил Лаундес е меѓународно признат експерт за комуникации која е личен подучувач на највисоките директори во компаниите на листата на списанието Форчен 500, како и на вработените кои редовно комуницираат со странки, во насока на станување поефектни комуникатори. Одржала свои презентации во практично секој позначаен град низ САД; држи комуникациски семинари за американскиот Мировен корпус, за различни странски влади и за големи корпорации.
Покрај тоа што освојува аудиториуми на стотици телевизиски и радиоемисии, за својата работа има добиено големи пофалби од Њујорк тајмс, Чикаго трибјун и од списанието Тајм. Нејзини статии се објавувани во професионални списанија и во популарни изданија како Редбук, Њу вуман, Псајколоџи тудеј, Пентхаус и Космополитен. Живее во Њујорк. Автор е на многу книги, вклучувајќи ги и одлично продаваните Како да направите секој да се вљуби во Вас (How to Make Anyone Fall in Love with You) и Како да бидете магнет за луѓето (How to Be a People Magnet). Ако наидете на какви било комуникациски техники, пратете ѝ ги на Лил – за да може да ги сподели со другите. Многу би сакала да ѝ пишете. Нејзината е-адреса е: leil@peoplemagnet.com.
Би сакале ли уште комуникациски техники од Лил? Пријавете се за нејзиниот бесплатен месечен комуникациски совет. Одете на lowndes.com и кликнете на „Subscribe“.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам