×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Филипа Пери


Филипа Пери (1957) е современа британска психотерапевтка и авторка.

Родена е во Варингтон, Ланкашир. Нејзиното семејство од мајчина страна имало текстилна фабрика, а татко ѝ наследил инженерска компанија и фарма. Тоа ѝ овозможило на Филипа да учи во познатото женско училиште „Еботс Бромли“ и да заврши швајцарско приватно училиште. Дипломирала уметност на Политехничкиот универзитет „Мидлсекс“ во Лондон.

Во 1958 г. волонтирала во „Самаританс“, добротворна организација за емоционална поддршка на луѓе кои се соочуваат со некој животен проблем, каде што се обучила и станала психотерапет. Во областа за менталното здравје работи над 20 години.

Како психотерапевт, редовно пишувала колумни во повеќе списанија, меѓу кои и за „Псајхолоџи магазин“. Во 2013 година, во „Ред магазин“ започнува нова форма на колумни преку прашања и одговори, а од 20 јуни 2021 г. води слична колумна за „Обсервер“.

Досега ги објавила книгите „Приказни од каучот: графичка новела за психотерапијата“ (2010), во која се обидува да ја демистифицира психотерапијата објаснувајќи ја од перспектива и на психотерапевтот и на пациентот; „Како да останете разумни“ (2010); „Книга што посакувате да ја прочитале вашите родители (а на вашите деца ќе им биде мило што вие сте ја прочитале)“ (2019), со која доживува светски успех, па за брзо време книгата станува бестселер и се искачува на многу топ-листи за книги од областа на психотерапијата.

Работи како психотерапевт во организацијата „Разговарај за здравје“. Има учествувано и во неколку документарци: „Вистината за децата што лажат“ и „Чувствителна возраст“ за Би-би-си 4, „Да се биде биполарен“ (Канал 4), „Големо британско истражување за сексот“ (Канал 4).

Учествува во различни радио и видеопрограми со истата цел – да им помогне на луѓето да ги подобрат врските со луѓето кои им значат најмногу.

Живее во Лондон со својот сопруг, уметникот Грејсон Пери, со кого ја имаат ќерката Фло Пери, и самата авторка и илустраторка.