×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Книга што посакувате да ја прочитале вашите родители

Книга што посакувате да ја прочитале вашите родители

Филипа Пери


Издавач: ТРИ
Автор: Филипа Пери
ISBN: 9786082308791
Жанр: Популарна психологија
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Подвижна Нема на залиха
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
450 ден.

Книгата што посакувате да ја прочитале вашите родители од Филипа Пери

Сакајќи неговото дете да биде среќно, секој родител се труди да му го покаже вистинскиот пат. Како да го постигнете тоа?

Една од најзначајните и најубавите врски во животот е поврзаноста со нашите родители и со нашите деца. Но и покрај тоа, во многу семејства овие врски знаат да тргнат во погрешен правец и многу тешко можат да се вратат во нормалниот тек. Оваа книга зборува токму за тоа – што ни ја отежнува поврзаноста со нашите деца и како да ги зацврстиме своите односи.

Наместо да ни го даде совршениот план чекор по чекор, Пери ни овозможува да си создадеме слика за тоа кои нешта ќе нè доведат до добар и здрав однос меѓу родителот и детето. Оваа освежувачка книга, ослободена од секакви ограничувања и осудувања, ќе ви помогне:

- да разберете како воспитувањето може да влијае врз вашата родителска улога

- да го прифатите фактот дека ќе правите грешки, но и дека ќе учите од нив

- да ги прекршите правилата и да излезете од затворениот круг

- да се справите со сопствените емоции и со чувствата на вашите деца.

Полна со мудрост и совети што се добри за духовното и физичкото здравје на вашето семејство, ова е книгата што посакувате да ја прочитале вашите родители, а на вашите деца ќе им биде мило што вие сте го направиле тоа.

„Извонредна книга – многу мудра и човечка.“

Ричард Осман

Филипа Пери

Филипа Пери

Филипа Пери (1957) е современа британска психотерапевтка и авторка.

Родена е во Варингтон, Ланкашир. Нејзиното семејство од мајчина страна имало текстилна фабрика, а татко ѝ наследил инженерска компанија и фарма. Тоа ѝ овозможило на Филипа да учи во познатото женско училиште „Еботс Бромли“ и да заврши швајцарско приватно училиште. Дипломирала уметност на Политехничкиот универзитет „Мидлсекс“ во Лондон.

Во 1958 г. волонтирала во „Самаританс“, добротворна организација за емоционална поддршка на луѓе кои се соочуваат со некој животен проблем, каде што се обучила и станала психотерапет. Во областа за менталното здравје работи над 20 години.

Како психотерапевт, редовно пишувала колумни во повеќе списанија, меѓу кои и за „Псајхолоџи магазин“. Во 2013 година, во „Ред магазин“ започнува нова форма на колумни преку прашања и одговори, а од 20 јуни 2021 г. води слична колумна за „Обсервер“.

Досега ги објавила книгите „Приказни од каучот: графичка новела за психотерапијата“ (2010), во која се обидува да ја демистифицира психотерапијата објаснувајќи ја од перспектива и на психотерапевтот и на пациентот; „Како да останете разумни“ (2010); „Книга што посакувате да ја прочитале вашите родители (а на вашите деца ќе им биде мило што вие сте ја прочитале)“ (2019), со која доживува светски успех, па за брзо време книгата станува бестселер и се искачува на многу топ-листи за книги од областа на психотерапијата.

Работи како психотерапевт во организацијата „Разговарај за здравје“. Има учествувано и во неколку документарци: „Вистината за децата што лажат“ и „Чувствителна возраст“ за Би-би-си 4, „Да се биде биполарен“ (Канал 4), „Големо британско истражување за сексот“ (Канал 4).

Учествува во различни радио и видеопрограми со истата цел – да им помогне на луѓето да ги подобрат врските со луѓето кои им значат најмногу.

Живее во Лондон со својот сопруг, уметникот Грејсон Пери, со кого ја имаат ќерката Фло Пери, и самата авторка и илустраторка. 

Види повеќе