×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Акција
Размислувајте како психолог

Размислувајте како психолог

Патрик Кинг


Издавач: ТРИ
Автор: Патрик Кинг
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Година на издавање: 2026
Број на страници: 156
Димензија: 14 x 20.5 cm
ISBN: 9786082810874
Жанр: Популарна психологија
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
266 ден. 380 ден.

Заштедувате 114 ден.

Разбирањето на луѓето е пат кон себеразбирање и будење на сопствената свест.

 

Повеќето проблеми со кои се соочуваме не се поврзани со ситуации, туку со личности. Без разлика дали станува збор за родител, брат, сестра, колега или друга блиска личност, секогаш може да настане проблем во разбирањето, што е и нормално. Но невообичаено е што луѓето не се трудат да ја разберат причината што ги поттикнува така да дејствуваат.

Со помош на оваа книга ќе научите како:

  • да ги разберете емоциите и вредностите на луѓето
  • да стекнете моќ за едноставни прашања и одговори
  • да проникнете во мотивацијата што ги поттикнува однесувањата
  • да ги читате емоциите и социјалните знаци
  • да станете детектор за лаги...

 

Анализирањето на туѓите однесувања не е лесно – но само ако не ги знаете алатките од оваа книга! Луѓето често несвесно ни даваат многу информации за себе. Можеби нема да ги читате нивните мисли, но вооружени со знаење за тенденциите во однесувањето, за мотивацијата и теориите на личноста и природата наспроти воспитувањето – ќе стекнете подлабоко разбирање што другите можеби го немаат за себе. Ние не сме робови на нашата генетика, не сме предодредени да бидеме како нашите родители. Размислувајте како психолог, дешифрирајте ги однесувањата на луѓето и унапредете ги своите цели – висока самодоверба и саморазбирање, подобри врски и поисполнет живот без непотребни недоразбирања и падови!

Патрик Кинг

Патрик Кинг

Патрик Кинг е американски специјалист за социјални односи и докажан автор во областа на популарната психологија. Неговите книги се продадени во милионски примероци низ целиот свет. Тие се одраз на годините што ги поминал во напорна работа во областа на меѓучовечките односи, на искуството како професор и тренер и, секако, на личното искуство од секојдневниот живот. Големо влијание врз неговиот начин на размислување и врз неговиот стил имаат Дејл Карнеги и Наполеон Хил.

 Освен „Читајте ги луѓето како книга“, други популарни дела на Патрик Кинг се „Како да мислиш: практична интелигенција за секојдневниот живот“, „Наука за допадливоста“, „Како да ги слушаш своите намери“, „Интроверт: како да стекнеш пријатели, да имаш пријатна комуникација и да се чувствуваш добро“, „Поттикнувачи на мотивацијата“, „Како да ги контролираме емоциите“, „Искуството на самоспознанието“, „Како да го надминете стравот од јавен настап“, „Харизма“, „Бидете си свој психолог“, „Престанете да им угодувате на луѓето“, „Како да бидете весели, остроумни и креативни“ и многу други.

  Патрик Кинг има богати сознанија за социјалните вештини и за карактерот на луѓето, но има и остро око што ги согледува нештата што ретко кој психолог може да ги забележи. Во комбинација со неговиот допадлив и едноставен стил, збогатен со факти од научни истражувања и лични искуства, книгите на Кинг наидуваат на топол прием и уживаат голема популарност во светот

Види повеќе