×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Токсични луѓе

Токсични луѓе

Бернардо Стаматеас


Издавач: ТРИ
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страници: 198
Година на издавање: 2026
Димензија: 12 x 20 cm
Автор: Бернардо Стаматеас
ISBN: 9786082810737
Жанр: Популарна психологија
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Достапно
450 ден.

Како да се заштитиме од негативното влијание на токсичните луѓе и да се застапуваме за себе

Сите се среќаваме со проблематични луѓе: авторитарни шефови кои омаловажуваат, соседи оборувачи и кавгаџии, завидливи колеги или соученици, роднини кои нè обвинуваат за сè, манипулативни пријатели, арогантни, раздразливи, лажливи мажи и жени... Сите овие токсични луѓе ни го загорчуваат секојдневието и емоционално нѐ оптоваруваат, но некои можат да ни го упропастат животот – да ни ги уништат соништата или да нè спречат да ги постигнеме своите цели.

Како да ги препознаеме токсичните луѓе?

Како да се заштитиме од нив?

Како да поставиме граници во односите со нив?

На овие и на многу други прашања Бернардо Стаматеас ни дава  јасни и практични одговори. Едноставно, немој да дозволуваш никој да ја преземе контролата над твојот живот или да те спречува да си ги оствариш целите! Поврзи се со вистинските луѓе, верувај во себе и секогаш имај јасна цел пред себе. Целта на твојот живот е само твоја и само тебе ти припаѓа моќта да ја осмислиш. Ослободи се од токсичните луѓе и со здрава самодоверба напредувај во животот остварувајќи ги своите соништа!

Бернардо Стаматеас

Бернардо Стаматеас

Бернардо Стаматеас (13.1.1965, Буенос Аирес) е современ аргентински автор, психолог и говорник познат со својата работа во клиничката психологија, семејната терапија и емоционалната самопомош.

Поривот да им помага на луѓето го одредил неговиот животен и професионален пат. Студирал психологија и теологија, специјализирал клиничка сексологија, а подоцна станал и пастор на баптистичката црква Министерство за Бога, која се наоѓа во населбата Кабалито во Буенос Аирес.

Има објавено дваесетина книги за самопомош, духовност и надминување на животните проблеми, преведени на повеќе јазици. Најпознат е токму со Токсични луѓе (2010), како и со Токсични емоции (2009), Повеќе токсични луѓе (2014), во која го продолжува списокот на различни токсични профили што не се опфатени во неговата претходна книга, Емоционални рани (2012), водич за преобразување на болното минато во вредно искуство за сегашноста, Сакам промена (2014), во која дава едноставни упатства за сопствена животна промена. Не помалку популарни се и неговите книги Финансиско здравје (2002), Извонредни резултати (2007), Опиен од вера (2010), Токсични страсти (2011), Успешни неуспеси (2011), Да се сакам себеси повеќе (2011), Немој да ме малтретираш (2013), Можам да се надминам себеси (2014), Ментални јазли (2016), Твојата внатрешна сила (2017), Емоционален мир (2017), Практични решенија (2018), Болка што зајакнува (2019) и Успешно лидерство (2021).

Држи предавања и води семинари во повеќе земји. Активен е на социјалните медиуми, првенствено на Твитер и Инстаграм (@Berstamateas), на кои споделува содржини и теми што ги обработува во своите книги.

Бернардо Стаматеас ќе остане запаметен со популаризацијата на терминот „токсични луѓе“, кој речиси и не се користел пред неговиот бестселер, а се однесува на поединци кои нè прават полоши како луѓе со своето негативно влијание врз нашите животи.

Види повеќе