| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Подвижна | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Добрите навики се клуч на целиот успех. Лошите навики се отклучена врата за неуспехот.
Хафид, некогашниот сиромашен камилар, со помош на десетте принципи за успех станал најголемиот трговец на светот. Пред да го заврши својот земен пат, тој го чека следниот наследник на свитоците и ги споделува со луѓето древните тајни и богатството што го стекнал со нивна помош.
Во овој необичен роман проткаен со библиски мотиви и световни вредности, Ог Мандино на луциден начин ја пренесува својата навидум едноставна порака во која се крие вековна мудрост. Кратка, но исклучително инспиративна книга за личен развој, за љубовта и упорноста што водат до успех во секоја животна област – успех кој не е случаен и не е резултат на среќа, туку на дисциплина и посветено работење.
Овој класичен водич веќе половина век е еден од најголемите светски бестселери. Откриј ги и ти древните тајни за успех во бизнисот и примени ги мудростите од овие свитоци за да живееш подобро и побогато.
Ог Мандино е еден од најчитаните автори на светот, кога станува збор за теми за човековиот самонапор и човековото самовдахновение. Четиринаесетте негови книги, преведени на осумнаесет јазици, се продадени во повеќе од дваесет и пет милиони примероци. Илјадници луѓе, припадници на најразлични професии, отворено му оддадоа признание за промените што ги внесол во нивниот живот, како и за чудата што ги пронашле во неговите зборови. Меѓу неговите книги на мудроста, на вдахновението и љубовта се наоѓаат и: 17 правила за исправно живеење; Избор; Христовото послание; Акабаровиот дар; Најголемото чудо на светот; Најголемиот трговец на светот; Најголемиот трговец на светот, втор дел: Крајот на приказната; Најголемата тајна на светот; Најголемиот успех на светот; Мисијата: успех!; Високата школа за успех на Ог Мандино и Враќањето на старинарот.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам