| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ Подвижна | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Во секој од нас постои глас кој никогаш не замолчува. Тој не ти дозволува да спиеш, не ти дозволува да сонуваш, не ти дозволува да веруваш. Тој е твојот најголем критичар, безмилосен судија, сенка што никогаш не заминува. Те учи дека не заслужуваш љубов, дека секој обид за успех ќе заврши со пораз, дека секоја среќа е само илузија. Те убедува дека твоите грешки се твојата единствена вистина, а твоите стравови се единствената иднина. Колку повеќе се обидуваш да го игнорираш, толку погласно ти шепоти. Понекогаш се крие зад зборови како разум и реалност, понекогаш носи маска на грижа и заштита. Но секогаш е во тебе – истоштувачки, упорен, безмилосен.
Оваа книга е автобиографијата на тој глас, сведоштво за неговите лаги и измами, за неговата разорна моќ. Но истовремено, таа е и огледало за тебе. Приказна што ќе те натера да се соочиш со сопствените мисли и со можноста конечно да го препознаеш, да го разоткриеш и да побегнеш од неговиот мрак.
Коста Петров е меѓународно докажан претприeмач, автор и мотивациски говорник низ целиот свет. Основач е на „Пи Ворлд“, водечка креативна агенција со канцеларии во Скопје и во Монтреал. Агенцијата е организатор на некои од најголемите светски бизнис- настани во 40 земји низ светот и редовно соработува со најголемите глобални брендови. За својата работа и својот придонес во индустријата, Петров двапати беше избран за еден од највлијателните луѓе во индустријата за настани од страна на „Конгрес магазин“. Коста Петров е автор на пет книги. Со над 50.000 продадени примероци од нив, тој е еден од најпродаваните македонски автори во последните десет години. Живее во Скопје.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам