Роберт Грин (Лос Анџелес, 14.5.1959) е еден од најпопуларните американски писатели и предавачи. Има завршено класични студии на Универзитетот „Беркли“. Живеел во Њујорк, Лондон, Париз и Барселона. Зборува повеќе јазици и некое време работел како преведувач. Неговата прва книга, „48 закони на моќта“ (The 48 Laws of Power) стана бестселер и преведена е на седумнаесет јазици. Други негови книги се „Уметноста на заведувањето“, „Законите на човечката природа“, „Мајсторство“. Врз основа на искуствата од повеќе војни, книгата „33 стратегии на војувањето“ дава значајни увиди и совети за секојдневните животни борби.
Весниците и социјалните медиуми со внимание ја следат неговата активност, а од „Индепендент“ го нарекоа дури и модерен Макијавели. Некои популарни рапери, како Кени Вест, Јанг Бак и Баст Рајмс, ги споменуваа книгите на Грин во своите песни.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам