| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
| Книжарница ТРИ Подвижна | Достапно |
Тој што сака секогаш и во сите ситуации да биде добар, ќе пропадне меѓу другите што не се добри.
Провокативна и контроверзна, „48 закони на моќта“ отворено зборува за мрачните страни на човековото однесување и неговата желба за моќ, што ја прави актуелна особено во денешно време.
Некои нејзини закони нѐ учат за скромноста, други за таинственоста, а некои нѐ упатуваат на бескомпромисно извлекување лична полза. Независно од моралните забелешки до кои може да се дојде, тие закони се сосем реални и видливи во нашето секојдневие. Целта на оваа книга не е да се прикаже начинот на стекнување моќ туку, напротив, да се научиме да ги препознаваме туѓите обиди за завладување на нашиот живот.
Возбудлива и богата со вистински историски настани и ликови, првпат објавена во 1998 година, ова е книга за принципите и стратегиите што луѓето отсекогаш ги користеле за стекнување и одржување на власта во различни контексти, од политика и бизнис до личните односи. Водич со непроценливи увиди за меѓучовечките односи, за манипулацијата и општественото влијание, кои можат да се применат за лично и за професионално растење и напредување.
Роберт Грин (Лос Анџелес, 14.5.1959) е еден од најпопуларните американски писатели и предавачи. Има завршено класични студии на Универзитетот „Беркли“. Живеел во Њујорк, Лондон, Париз и Барселона. Зборува повеќе јазици и некое време работел како преведувач. Неговата прва книга, „48 закони на моќта“ (The 48 Laws of Power) стана бестселер и преведена е на седумнаесет јазици. Други негови книги се „Уметноста на заведувањето“, „Законите на човечката природа“, „Мајсторство“. Врз основа на искуствата од повеќе војни, книгата „33 стратегии на војувањето“ дава значајни увиди и совети за секојдневните животни борби.
Весниците и социјалните медиуми со внимание ја следат неговата активност, а од „Индепендент“ го нарекоа дури и модерен Макијавели. Некои популарни рапери, како Кени Вест, Јанг Бак и Баст Рајмс, ги споменуваа книгите на Грин во своите песни.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам