Достапност во продавниците |
---|
Најдобриот финансиски план е да штедиш како песимист и да инвестираш како оптимист. Инвестирај во подготвеност, не во предвидување.
Морган Хаусел, авторот на меѓународниот бестселер „Психологија на парите“, ни нуди нова моќна алатка за една од најпредизвикувачките загатки во животот. Со својот вообичаен мајсторски тон, тој пишува книга за оптимизирање на ризикот, за користење на можностите и за живеење на најдобриот живот.
Секој инвестициски план е, во најдобар случај, претпоставка за тоа што може да се случи во иднина врз основа на пресметките од познатото минато. „Исто како и секогаш“ го менува процесот повикувајќи нè да ги согледаме многуте работи што никогаш, ама баш никогаш не се менуваат.
Преку низа интересни и концизни примери, оваа книга ни покажува како да го искористиме нашето новооткриено разбирање за непроменливото. Гледањето кон минатото не е секогаш лоша работа. Ако сакате да го разберете светот што се менува, започнете со она што е непроменето.
„Вредни концепти! Колку побрзо ќе ги совладате толку побрзо ќе почнете да живеете побогат и поисполнет живот.“
Скот Галовеј
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам